Прескокни до содржината
Сите проекти

Учество на младите

од август 2026

Отпорност на младите кон екстремизмот во мултикултурни заедници

Јакнење на отпорноста на младите кон екстремизмот во Гостивар и Врапчиште, заедно со локално мултисекторско тело од институции и граѓански сектор.

Фотографии

Во бројки

  • Општини: Гостивар и Врапчиште

    2

  • Дена обука за мултисекторското тело

    3

За проектот

ИГИ повторно доби грант од Канадскиот фонд за локални иницијативи за 2026–2027, програма на Владата на Канада што се спроведува преку Амбасадата на Канада во Белград. Проектот работи преку меѓукултурен дијалог, учество на младите и соработка меѓу институциите.

Отпорност на младите кон екстремизмот
Отпорност на младите кон екстремизмот, работата во тек

Што се случи

  1. Прв координативен состанок на Локалното мултисекторско тело за превенција на радикализација кај младите во Гостивар и Врапчиште (август 2026)

  2. Тридневна обука за отпорност на младите и превенција на насилен екстремизам (септември 2026)

  3. Планирано: едногодишна локална програма и координативен акциски план

Сите проекти
млади на сесија на Common Ground Lab во Гостивар

Работете со нас во Гостивар

Младите од 15 до 29 години можат да аплицираат за обуки и размени. Училиштата, невладините организации и општините можат да ни предложат заеднички проект.